| четврток, 6 декември 2018 |

Послаба од било кога – пејачката на работ од анорексија (ФОТО)

Пејачката Шерил Фернандез Версини, попозната по презимето на нејзиниот поранешен сопруг фудбалерот Ешли Кол, неодамна беше на удар на критики. Обожавателите на англиската ѕвезда се загрижени за нејзиното здравје, па критиките поради нејзината тежина се претворија во вистинска полемика на интернет, пишува „Дејлимаил“.


После коментарите дека изгледа како „вреќа со коски“, Шерил остро одговори на социјалните мрежи. Сепак, кога се појавила на црвениот тепих пред почетокот на аудициите на популарното шоу „Икс-фактор” во кое е судија, јасно било дека Шерил веќе не изгледа како порано. Пејачката покажала значително послаба фигура и со тоа повторно ги „подгреала“ шпекулациите дека е на работ на анорексија.

 


Шерил својата слава ја стекна како дел од женскиот бенд „Girls Aloud” и од сите членки на бендот, направи најголема кариера. Покрај работните успеси, нејзината слава ја одбележаа и скандали врзани за нејзиниот прв брак со англискиот фудбалски репрезентативец Ешли Кол, но и титулата на една од најсексипилните жени на светот која ја носи долги години.

 


Веќе од првото појавување во медиумите, Шерил ја прогласија за најубава Британка на светот, а покрај волшебната насмевка, кон тоа придонесоа и нејзините облини и женствена градба.


Сепак, кога ќе ги погледнеме нејзините најнови фотографии, се чини дека облините кои ја красеа се истопиле. Пејачката не се откажува од тврдењето дека е природно слаба и дека нејзината фигура се должи на добра генетика, но сепак, нејзините фанови се загрижени. Дали Шерил е премногу слаба?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top