Највисока максимална температура во Македонија во јули е регистрирана во 2007 година на 24 јули во Демир Капија од 45,7 Целзиусови степени. Тој ден се измерени 45,3 степени во Гевгелија, 43,3 степени во Скопје, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, најтопло во Прилеп било на 7 јули 1988 година кога се измерени 41,5 степени, а во Битола на 6 јули 1988 со 41,2 степена.
Денеска максималната температура ќе достигне до 35 степени во Демир Капија и Гевгелија, а во Скопје 31 степен.
Попладне се очекува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и изолирана појава на град, особено во западните и северните делови.
Биометеоролошките услови во текот на утринските часови беа лоши. Во утринските часови е можна појава на главоболка, но и болки во колената, грбот и на вратот. Во попладневните часови кај поголем број на луѓе е можна општа слабост и деконцентрација, а кај некои и појава и чувство на тежина во главата.
За утре, исто така, се предупредува на можни главоболки, болки во колената, грбот и вратот. Во раните утрински часови можна слабост, а кај некои и појава и чувство на тежиона во главата. Во преттпладневните часови болките кои се од ревматски карактер, но и оние кои се од артритични промени ќе се поупорни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.