| четврток, 6 декември 2018 |

Туск: До полноќ од Атина се очекуваат конкретни и реални предлози

туск

До крајот на денов Атина треба да даде конкретни и реални предлози за реформи, изјави на прес-конференција претседателот на ЕУ, Доналд Туск, по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Реалните предлози на Грција треба да бидат проследени од исто толку реални предлози од кредиторите за решавање на должничката криза – истакна Туск, додавајќи дека само тогаш ситуацијата ќе биде прифатлива и за двете страни.

Во Брисел под мерки за враќање на долгот се подразбира можност за реструктуирање на долговите на Атина.

Крајниот рок за Атина да даде предлози за реформи истекува денеска на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top