| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 30 деца без родители наскоро ќе бидат вработени

деца

Нови 30 деца излезени од детските домови за деца без родители наскоро ќе бидат вработени во рамките на проектот „Д 10“, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Во фаза е нова тура на примање 30 деца кои излегле од домови за грижа на деца без родители и за десетина дена треба да заврши целокупната процедура и да почнат со работа во различни државни институции – рече премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.

Тој истакна дека досега со проектот „Д 10“, што почна да се реализира во 2013 година, се вработени 113 деца од таа категорија, а со новите 30 вработувања нивната бројка ќе достигне до 143.

– Ние и во минатото сме  помагале на ваквата категорија граѓани, но тоа повеќе беше стихијно и ад хок. Од 2013 година веќе имаме системска програма која секоја година е дел од буџетот и која ќе продолжи и понатаму- рече Груевски, нагласувјаќи дека  и понатаму ќе продолжи континуираната грижа на Владата за децата без родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top