| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници со кои треба да ја замените брзата храна

Здравата храна има многу позитивни ефекти на организмот, од контрола на телесната тежина и расположението, до борба со различни болести. Луѓето денес јадат храна која содржи многу маснотии и шеќер кога се под стрес. Многу е важно да се контролира количната и квалитетот на храна која се консумира. Брзата храна може да се замени со здрави намирници.

supa

Пченка

Таа е богата со јагленохидрати, протеини, витамини и други минерали. Може да се готви, пече, да се користи во салати, супи и сендвичи.

Свежоцеден сок

Наместо засладени и газирани пијалоци, пијте свежоцеден сок од овошје или зеленчук. Овие сокови се одлични за варењето на храната и за кожата.

Интегрален леб

Содржи малку калории, а со него може да јадете и интегрални кекси и слично.

Ориз

Може да го подготвите со вашиот омилен зеленчук, со зачини или слично.

Супи и чорби

Супите и чорбите од зеленчук имаат малку сол и со бибер и малку лимон се идеален оброк богат со хранливи материи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top