Крилниот центар на ЛА Клиперс, Де Андре Џордан, се премисли и ги израдува фановите на досегашниот тим потпишувајќи нов тригодишен договор за сума од 87 милиони долари.
На почетокот на оваа седмица беше обелоденето дека Џордан се договорил со Далас Маверикс да премине во нивните редови и кога се очекуваше да стави потпис на договорот, тој се премисли и реши да остане во Лос Анџелес.
Според американските медиуми, управата на Клиперс инсистирала на уште една рунда прегововори по кои го убедиле Џордан да остане во клубот и се бори за шампионскиот прстен следната сезона.
Во договорот има клаузула за продолжување на соработката за дополнителни две сезони за дополнителни 30 милиони.
Деандре Џордан е член на ЛА клиперс од 2008 година. Тој имаше одлична ланска сезона во кој во просек бележеше по 11,8 поени и 14,7 скокови по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент