| четврток, 6 декември 2018 |

Поштар се самоповреди со пиштол во Злетово

Триесет и едногодишниот поштар Т.Д., вработен во „Македонски пошти“ во Злетово, се самоповредил откако пиштолот кој го поседувал со дозвола испукал на неговото работно место.

postar500

-Имено, поштарот вршел разнесување на пензии низ с. Лесново-Пробиштип, при што со себе го зел и пиштолот, во кој ставил рамка со 8 куршуми, го репетирал и го ставил во торбата заедно со парите од пензиите. Кога се вратил во објектот на Македонски пошти, го извадил пиштолот марка „Застава” кал.7.65 мм од торбата и се обидел да го вметне во футролата која ја носел на појасот, при што дошло до испукување на еден куршум, кој го погодил во десната потколеница, нанесувајќи му влезно излезна рана, информираат од МВР.

На Т.Д. му била укажана лекарска помош во село Злетово, од каде со возило на Брза помош бил однесен во штипската болница, по што е пуштен на домашно лекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top