| четврток, 6 декември 2018 |

Лајчак: Европскиот интерес да надвладее над личната или политичката агенда

По Европската комисија, на прогласувањето неуспешен крај на преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево реагираше и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак.

lajcak

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Лајчак, кој е дел од Советот за надворешни и општи работи на Европската унија, каде што се носат клучните одлуки и препораки во однос на проширувањето и земјите во тој процес, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер“ му порача на Заев, како и на останатите политички лидери во Македонија, дека европскиот интерес треба да надвладее над личната и политичката агенда.

– За да се надмине длабоката криза во Македонија, потребен е функционален компромис од страна на сите. Европскиот интерес мора да надвладее над личната или политичка агенда – порача Лајчак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top