| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе изгради нов бегалски камп за вкупно 55 илјади Сиријци

камп

Турција ќе изгради нов бегалски камп за вкупно 55.000 Сиријци, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Кампот ќе го гради Дирекцијата за управување при несреќи и вонредни ситуации (АФАД) во југосточниот округ Килис, што се граничи со Сирија.

Во Турција веќе има приближно два милиона бегалци од Сирија. Околу 278.000 од нив се сместени во вкупно 25 бегалски кампови во окрузите што се граничат со Сирија.

Според АФАД,  при евентуален напад на џихадистите од Исламска држава врз сирискиот регион Азаз, во првите 24 часа, околу 100.000 сириски бегалци може да се натрупаат на турскиот граничен премин Јонџупунар.

Подготовките на АФАД за изградбата на новиот камп се преземени по оценката за присуство на многу висок ризик долж границата, што беше соопштена по минатонеделната средба на турскиот Совет за национална безбедност. На средбата било посочено дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и групата Исламска држава соработуваат. Режимот на Асад ѝ помогнал на ИД и при напорите да ја преземе контролата врз Алепо од Слободната сириска армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top