| четврток, 6 декември 2018 |

Измерени 45,7 степени во Демир Капија

toploten bran3Деновиве повторно главна тема на разговор е топлото време. За да нема нагаѓања и чаршиски муабети решивме да направиме листа на апсолутно највисоката измерена температура во јули. Мерењата, нормално, се направени на метеоролошките мерни станици во склоп на УХМР. Во принцип рекордите се со пола-пола зачестеност помеѓу јули 1988 и јули 2007 година.

45,7 °С Демир Капија
45,3 °С Гевгелија
43,5 °С Штип
43,4 °С Струмица
43,4 °С Скопје (З.Рид)
41,5 °С Прилеп
41,2 °С Битола
40,2 °С Крива Паланка
39,0 °С Берово
37,5 °С Охрид
34,2 °С Маврово
34,1 °С Лазарополе

Рекордната температура од Демир Капија е постигната на 25 јули 2007 година, и таа температура е и највисоката температура измерена во Македонија од кога се започнати метеоролошките мерења.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top