| четврток, 6 декември 2018 |

43 лица во Здравствен дом – Скопје добија решенија за работа

дом

ЈЗУ Здравствен дом Скопје ја реализираше трансформацијата на работниот однос на 43 лица на неопределено време ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/ или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа.

Во согласност со Законот, соопшти Здравствен дом – Скопје, трансформацијата е извршена во три групи, со тоа што првата група од 15 лица се вклучени во редовниот работен процес, со што е обезбедено кадровско зајакнување кое значително ќе придонесе во натамошниот тек на давање квалитетни здравствени услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top