| четврток, 6 декември 2018 |

Авионско прскање против комарци во Охрид, Ресен, Дојран и во Чешиново-Облешево

прсканје

За време на викендот ќе се изврши авионско прскање против комарци во охридско-преспанскиот регион, Дојран и во општината Чешиново – Облешево.

– Со дезинсекцијата ќе биде опфатена вкупна површина од 4.400 хектари со висококвалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината – велат од Министерството за транспорт и врски.

Во Охрид и во Дојран ќе се прска в сабота на вкупна површина од 2.500 хектари, а в недела во Ресен и во општина Чешиново-Облешево на површина од 1.900 хектари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top