Балканските документарни филмски фестивали „Право људски“ од Сараево, „Докуфест“ од Призрен и „Македокс“ од Скопје, поддржани од Националната фондација за демократија, го објавија повикот за учесници за второто издание на креативната документарна филмска школа „Актив #2“.
Трите креативни документарни филмски фестивали ги повикуваат сите млади луѓе кои имаат страст кон документарната филмска форма и се на возраст помеѓу 18 и 22 години од Босна и Херцеговина, Косово, Србија или Македонија да се пријават на повикот за учество.
„Актив #2“ е продолжение на разновидната и неформална образовна програма која ги охрабрува младите да ја искористат моќта на подвижните слики и да се вклучат во социјалните процеси кои ги опкружуваат. „Актив #2“ ќе се одржи во живописниот Призрен, Косово од 27 август до 10 септември 2015 година.
По селекцијата, 16 избрани млади луѓе од регионот ќе учествуваат во колаборативна креација и размена под супервизија на искусни документаристи од различни земји од светот. Во текот на школата тие ќе ги осознаат процесите на пишување, истражување, развој и продукција на креативни документарни филмови запознавајќи ги главните аспекти на режирање, снимање слика и звук, монтажа и постподукција на слика и звук.
Креативната документарна филмска школа „Актив“ е основана во 2013 година како регионална иницијатива на најзначајните балкански креативни документарни фестивали со цел да ги здружат силите и да ги споделат искуството и знаењето со младите автори кои имаат страст и интерес за креативна документаристика. „Актив“ е поддржана од Националната фондација за демократија од Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



