| четврток, 6 декември 2018 |

На „Скопско лето“ вечерва концерт на Студентски симфониски оркестар од Холандија

Во рамки на „Скопско лето 2015“ вечерва, 9 јули, во 20 часот во Куршумли-ан ќе се одржи концерт на Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија.

orkestar_holandija

Концертот е во соработка со Амбасада на Кралството на Холандија во Македонија.

Диригент на концертот е Бас Полард. Студентскиот оркестар од Утрехт е основан во 1823 година и е најстариот симфониски оркестар во Холандија (Гинисовата книга на рекорди 1998). Тој е еден од најдобрите студентски оркестри во земјата составен од деведесет члена студенти од сите факултети кои свират некој инструмент и ја споделуваат музиката со голем ентузијазам.

Секој понеделник навечер, оркестарот има проба со својот диригентот Бас Полард.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top