| четврток, 6 декември 2018 |

Признание „Свечена грамота“ за директорката на Кинотека

Признание „Свечена грамота“ ќе ѝ биде врачено на Мими Ѓоргоска-Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија, за придонес во популаризацијата на бугарската култура и исклучителен придонес во продлабочувањето на културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

mimi_ilievska

Наградата, која ја доделува министерот за култура на Република Бугарија,  ќе ѝ ја врачат бугарскиот амбасадор Иван Петков и Димитар Христов, директор на Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија.

– Плакетата се доделува по повод 24 мај – Денот на словенската писменост, кој во Бугарија се одбележува и како ден на бугарската просвета и култура. Ова признание е значајно и зашто се доделува во годината кога Бугарија ја слави 100-годишнината од својата кинематографија – соопшти Кинотека на Македонија.

Гости на настанот ќе бидат Антонија Ковачева, директор на Кинотеката на Бугарија, и Петар Карџилов, историчар и истражувач на филмот.

Во Кинотеката на Македонија вечер од 20 часот ќе има специјална проекција на филмот „Иконостасот“ од 1969 година, во режија на Христо Христов и Тодор Динов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top