| четврток, 6 декември 2018 |

Ламерт: Германија изврши геноцид во Намибија

ламберт

Германија изврши геноцид во Намибија, изјави претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт.

Во напис, објавен во неделникот „Цајт“, Ламерт ја употреби таа квалификација за масовното убивање на претставници на националностите хереро и нама во јужноафриканската земја од германската императорска армија пред еден век.

– Од гледна точка на сегашните правила на меѓународното право, задушувањето на бунтот беше геноцид – пишува претседателот на Долниот Дом на германскиот парламент, кој е почитувана фигура во Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел.

Тој потсети дека десетици илјади претставници на двете националности станале жртва на германската колонизација во периодот 1884-1915, како резултат не само на вооружени дејствија, туку и на лишување од храна и вода, како и во концетрациони логори.

Во 2011 година Германија ѝ врати на Намибија черепи на борци од народот хереро. Тие пред еден век биле земени во Берлин за истражувања, кои тогаш сакале да докажат супериорност на белата раса над црната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top