Екстремисти од групата Боко харам понудија да ослободат над 200 девојчиња и жени киднапирани минатата година од интернат во градот Чибок во замена за пуштање на слобода на нивните воени челници кои ги држат владините сили, изјави активист за човекови права.
Активистот рече дека понудата на Боко харам се однесува само на девојките од училиштето во Чибок на североистокот на Нигерија, чиешто киднапирање во април 2014 година предизвика остра меѓународна реакција и кампања „Вратете ги нашите девојки“, која стигна дури и до Белата куќа.
Екстремистите на Боко харам и минатата година ѝ понудија на владата на тогашниот претседател на Нигерија, Гудлак Џонатан, да ослободат 219 ученички во замена за 16 заробени припадници на екстремистичката група, рече активистот, кој учествувал во преговорите и тогаш и сега, а побарал анонимност. Размената тогаш ја спречи нигериската разузнавачка служба.
Феми Адесина, советникот на нигерискиот претседател Мухамед Бухари, минатиот викенд рече дека Владата на земјата „не се противи“ за преговори со Боко харам.
– Повеќето војни, колку и да се крвави и жестоки, често се завршуваат на преговарачка маса – рече тој.
Припадници на Боко харам лани во Чибок киднапираа 274 девојчиња и жени, главно од христијанска вероисповед, од кои некои успеаја да побегнат во првите денови, со што во заробеништво останаа 219. Во видеото на снимката објавена во мај 2014 се гледаат стотина од тие девојчиња како носат муслимански шамии и рецитираат стихови од Куранот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст