Професорката Валентина Наумовска рече дека насловот на трибината е доста индикативен, затоа што кога Македонија се изедначува со власта, тогаш се создава поголем простор за апсурди. Според неа, одговорноста на граѓаните е многу поголема од таа на власта и опозицијата.
-Почитта за Македонија почнува од почитувањето на волјата на народот, а почитувањето на волјата на народот тргнува од почитувањето на институциите избрани од народот, рече Наумовска.
Колумнистот Братислав Димитров, пак наведе две главни манипулации што според него се актуелни во нашето општество.
-Политиката токму од политичарите се сатанизира, се претставува како една валкана работа. Затоа стои една подла и едноставна идеја за да се тргнат настрана многу луѓе принципиелни, чесни, домаќини во духовна смисла, за да може тој празен простор да го пополнат просечни и секакви амбициозни индивидуи.
Втората манипулација тој ја врза за тврдењето дека власта е стопроцентно и целосно одговорна за сите случувања во општеството, но, како што рече, тоа апсолутно не е точно.
-Опозицијата е уште поважна и поодговорна, потенцираше тој, нагласувајќи дека ако имаме силна опозиција која што постојано ќе и’ дише во врат на било која актуелна власт, тогаш таа власт уште повеќе ќе внимава. Според него, во таков случај доколку власта не внимава, тогаш таа ќе загуби на следните избори.
Мики Јовановски Џафер, пак нагласи дека она што тие го нарекуваат Фронт, всушност претставува израз на љубов.
– Во политиката кога молчиш или се срамиш па знаеш, или се срамиш па незнаеш. Меѓутоа тоа што секојдневно се случува во медиумите влегува во свеста на секој обичен човек. Значи расте стандардот на свеста кај секој човек и кај народот. Ова што го нарекуваме Фронт веројатно е некој израз на љубов и на почитување на сите луѓе и граѓани и не треба да се срамиме и да кажеме се што ни е во свеста и да молчиме, рече тој.
Претседателот на студенстскиот сојуз Кирил Спироски, пак нагласи дека во неговиот неколкумесечен мандат се сретнал со повеќе апсурди.
Тој меѓу другото рече дека најголем апсурд било тоа што некои се обиделе апатичноста да ја канализираат во насилство.
-Преку насилство не се бори за демократија. За демократија се бори со демократската алатка наречена консензус. Апсурд е да бидеме насилни, дајте да седнеме на маса и да се договориме, рече Спироски.
Валентина Наумовска, потенцираше дека она што претставува основна водилка на Фронтот на народот: Фронт за македонија е да не се гледаат разликите, туку да се гледа она што не’ здружува. Таа рече дека секое наше однесување треба да биде во прилог на градење на позитивна сила
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст