Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека Кина и Тајван имат обврска да ги потврдат претензиите кон Јужното Кинеско Море, како и дека за правото на морето не може да се одлучува со меѓународна арбитража.
Кина и Тајван, која Пекинг ја смета за своја јужна покраина, тврдат дека имаат право на речиси целото море, поради што Филипините побараа меѓународна арбитража.
Филипинците се обратија до Меѓународниот суд во Хаг, каде е почнато разгледување на кинеското тврдење дека арбитражното тело нема надлежност по повод ова барање, бидејќи Пекинг се повикува на историското право на оваа територија и сака директно да преговара за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.