| четврток, 6 декември 2018 |

В петок ќе се прска против комарци во Скопје

Во петок од 5 до 10 часот наутро во Скопје ќе се изврши втора авионска дезинсекција против ларви од комарци.

komarciprskanje

Вториот наврат на аеросолната авионска дезинсекција годинава на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се реализира на во петок во период од 5 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција таа ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Од градот Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top