| четврток, 6 декември 2018 |

Грција е мало бебе за Кина, таму навистина има финансиско цунами

Повеќе од половина кинески компании со чии акции се тргува на тамошните берзи ги суспендираа тргувањата поради нестабилноста и големиот пад на вредноста.

kina

Најмалку 1.430 до 2.800 листрирани компании го запреа тргувањето, а пазарот продолжува со неверојатна флуктуација, пренесува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на државните медиуми во Кина.

Компании, главно мали и средни, покажуваат голема нервоза поради големите промени на вредноста на своите акции на берзата.

Акциите во Шангај паднаа повеќе од 30 отсто за помалку од еден месец, од 12 јуни, откако достигнаа неверојатна вредност. Во еден момент, шангајскиот композитен индекс скокна за повеќе од 60 отсто. А потоа тргна се надолу.

– Во овој момент се чувстува паника на пазарот и експанзија на ирационални дампинг акции што доведе до пад на ликвидноста на берзата – оцени кинеската регулаторна комисија за хартии од вредност.

Владата се обидува да го спаси пазарот. Централната банка ги замрзна каматните стапки на рекордно ниско ниво, брокерските куќи се обврзни да купат акции вредни милијарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top