| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Уапсен Сулејман Османи, кој побегна по акцијата во Куманово

МВР доби известување од косовската полиција дека вчера во село Летниче кај Витина  е уапсен Сулејман Османи од селото Бреза, осомничен за учество во настаните во Куманово во мај годинава, а кој и побегна на полицијата кога им го пакажувал местото каде што било скриено оружјето.

Од МВР за МИА потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународна потерницата издадена од Македонија, а веќе е потврден и идентитетот на лицето.

Според косовската полиција, како што објавија косовските медиуми, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце. 

Портпаролот на косовската полиција Баки Келани информира дека кај осомничениот е пронајден и одземен и ТТ пиштол со муниција, а целата акција полицијата ја спровела во координација со надлежен јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top