| четврток, 6 декември 2018 |

Зел автомобил за поправка, а го дал како залог

Fiat Punto

Кумановец го изиграл својот брат кога му рекол дека ќе му го однесе автомобилот на поправка, а, всушност, го дал како залог бидејќи должел 500 евра.

СВР Куманово поднело кривична пријава за Д.К.(28) од Куманово за кривично дело измама.

Во јануари 2013 година, пријавениот со лажно прикажување факти побарал од неговиот брат Д.К. (22) да му го даде неговото возило „фиат пунто“ за да го однесе на поправка, по што го зел возилото и го однел кај лице од Куманово, каде што го ставил под залог за износ од 500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top