Штипјанецот Александар Стеванов е добитник на признанието за најдобар стрип сценарист на 17-тата Балканската смотра на млади стрип автори, која се одржа во Лесковац, Србија.
Ова е најстара манифестација од сферата на 9-та уметност во Регионот.Организатори на истата се Лесковачкиот културен центар и Училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“од истиот град.
Стеванов стана лауреат за стрипот „Вистинска љубов“ со кој заедно со и Кирси Салонен (Финска) веќе е добитник на второ место на Интернационалниот стрип салон во Велес во 2014 година.
– Балканската смотра во Лесковац е посебно драга помеѓу нашите стрип автори. Таа беше прва којшто се отвори кон младата македонска сцена,овозможувајки им контакти со автори, промотери и скаути од разни земји. Освен со масовноста во учеството на отворениот награден конкурс, (1709 автори од 37 земји) реномето на истата се потврдува со личното присуство на афирмирани стрип автори од многу разни земји И оваа година не изостанаа едукативни предавања околу пристапот до светски издавачки куќи, вели Томе Трајков од Македонскиот стрип центар од Велес.
Традиционално, масовно е присуството на македонската стрип сцена во сите сегменти на оваа смотра, само СЦМ Велес оваа година организирано анимираше околу 60 млади таленти од разни градови, настрана од индивидуалниот настап на други македонски автори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден