
Млад делчевец продавал „света вода“ за истерување магии сѐ додека една жена не го пријавила во полиција, по што заработил кривична пријава за измама.
Полициската станица во Делчево поднела кривична пријава за К.С.(27) од Делчево за кривично дело измама.
Во текот на август 2012 година, во Македонска Каменица пријавениот отишол во домот на Б.С.(59) и со лажно прикажување ја довел во заблуда дека на неа и на нејзиниот син И.С., кој е на привремена работа во Италија, им имаат направено магија.
За да им помогне, ѝ дал шише со вода велејќи ѝ дека е света вода која ќе им помогне, по што од неа и од нејзиниот син двапати зел 150 евра, 5.000 денари , златно синџирче и прстени за да чита молитви во црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


