Зад целата лажна приказна и театарот кој го приредија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и бизнисменот Ристо Гушеров за рушењето на дивоградбите на Водно се открива мега скандал.
Ова е класичен пример на фингирана и срамна игра смислена во опозициските кулоари чија единствена цел е преку лажни тези и срамни невистини да се изврши политички напад врз Владата.
Опозицијата потоната во безидејноста и во очајот кој е предизвикан од неуспехот на нивното мрачно сценарио за дестабилизација на земјата, се обидува преку скандалозни конструкции и манипулации да го задржи своето присуство во јавноста, очигледно не сметајќи дека фингерајот кој го создаваат не може да остане прикриен и дека вистината ќе се дознае и тоа демаскрирање ќе им донесе негативни поени на самите нив.
Зад целата фама околу спорните објекти на Водно и бомбастичните пропагандни наслови на опозициските медиуми всушност стои смислена игра стимулирана од Жерновски, а во корист на Гуштеров, кој во последно време за да ги спаси своите дивоградби одработува за опозицијата. Практично опозицијата и нивните медиуми се обидуваат еден класичен спор помеѓу приватни лица да биде исполитизиран. Тие се обидуваат да протнат една голема невистина дека наводно власта се обидувала без никаква причина да сруши објекти на Ристо Гуштеров, и таа приказна се обидуваат да ја држат актуелна два дена, притоа организирајќи по класично сценарио наводни протести на незадоволни граѓани, кои во суштина се партиски активисти статисти. Денес целата лажна приказна им се распука како меур од сапуница. Вистината излезе на виделина.
Спорот на Водно е спор помеѓу два приватни субјекта, семејството Гуштерови и семејството Стефкови. Гуштеров има изградено објекти кои се дивоградба, и кои се изградени на земјиште кое не е негова сопственост, туку на имот на Република Македонија. Со тие дивоградби на семејството Стефкови им е оневозможен пристап од нивното земјиште до јавен пат, што е спротивно на закон. Стефкови реагирале до општина Центар и токму администрацијата раководена од Жерновски утврдила дека објектите на Гуштеров треба да се срушат. Значи администрацијата на Жерновски во октомври 2013 донела акт со кој потврдуваат дека Стефкови се во право и дека објектите на Жерновски треба да се рушат, односно на Стефкови да им се овозможи пристап до јавен пат. Но очигледно Гуштеров фатил некоја врска кај Жерновски и центарскиот градоначалник две години не го извршувал актот, односно не извршил рушење на објектите кои се дивоградби. Заради ова молчење на администрацијата на Жерновски очигледно Гуштеров одработува за опозицијата со неговите напади кон Владата. Притиснати од законските решение кои предвидуваат дека Жерновски треба да го реализира актот кој самиот тој си го донел, но и за да го искористи моментот и за да добијат простор во јавноста за напад кон владата, Жерновски и Гуштеров смислуваат план со кој ќе ја обвинат Владата за наводен притисок кон Гуштеров, но во суштина екипите кои деновиве се праќаат на Водно за да ги рушат дивоградбите на Гуштеров се екипи пратени од општина Центар и Жерновски а не од Владата. Значи Жерновски констатира дека објектите на Гуштеров се дивоградба, Жерновски испраќа екипи за да ги рушат тие дивоградби деновиве, и Жерновски организира протести за да ги спасат тие објекти од Владата која нема никаква врска со темата. За да изгледа нивната приказна пореална, тој и службите во центар побарале и асистенција од полиција која па по претходна најава има обврска да присуствува на самото рушење. Така Жерновски сака да го засили впечатокот дека Владата е виновна за ваквите случувања. Врв на лицемерие и пример за монструозен политички фингерај кој денес е демаскиран и предизвикува остри реакции од граѓаните кои се згрозени од ова срамно однесување на опозицијата.
Со реакција денес се јави и адвокатката на семејството Стефкови, кои револтирани од манипулациите во јавноста се решаваат да истапат во јавноста со фактите и вистината.
Катица Стефкова – Зеленкова и нејзиниот брат Љубомир Стефков се сопственици на катастарски парцели со броеви 1667, 1309/7, 1309/3, 1309/9 и 1309/12 лоцирани на улицата Питу Гули на Водно. За објектите (гаражи) кои се дивоградби и се предмет на рушење во законска процедура, доставено е барање до Општина Центар за инспекциски надзор и на 7 октомври 2013 година од Општина Центар е издадено решение за рушење. Зад дивоизградените гаражи се наоѓа имот, во сопственост на моја странка, стекнат во постапка на денационализација, а тоа се катастарски парцели со броеви 1667, 1309/7, 1309/3, 1309/9 и 1309/12. Податоци за сопствениците и основот за стекнување на сопственоста се јавно достапни во Агенцијата за катастар на недвижности и на нивната веб-страна. Нам не ни е познато која е таа шума од 12.000 м2 која ја спомнува Ристо Гуштеров во изјавите за медиумите. Појаснувам дека за предметното земјиште кое е во многу помала површина, до денес не е побарано ниту издадено одобрение за градба, на лице место не се гради пат, туку единствено по барање на сопствениците на земјиштето вратено во денационализација, треба да се спроведат решенија за рушење на дивоизградени гаражи, донесени од Општина Центар уште во октомври 2013 година – вели адвокатката на семејсвото Стефкови Фани Михајловска.
Денеска лажната конструкција и манипулацијата на Жерновски и Гуштеров се распука како меур од сапуница. Оваа срамна манипулација која се обидоа да ја направат и дрско и безобразно да ја изманипулираат јавноста ќе им се врати како бумеранг дополнително рушејќи ги и така малите кредибилитет и доверба кои ги имаат помеѓу граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.