Новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов, починал од силниот удар со гради во воланот, тврдат извори од истрагата за „Република“.
Според информациите на „Република“, обдукцијата покажала дека по несреќата Младенов добил внатрешно крвавење и потрес на мозокот.
Во Институтот за судска медицина се вршат и други испитувања кои треба целосно да ги расчистат околностите под кои загина Младенов.
Во исто време, се проверува и техничката исправност на возилото, особено околу исправноста на воздушното перниче на воланот. Истрагата треба да покаже како Младенов добил смртоносни повреди на градите и дали воопшто се отвориле воздушните перничиња.
Се утврдува и брзината со која новинарот излетал од автопатот и дали во несреќата учествувало друго возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


