| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца штипјани добиле топлотни удари

удар

Тројца штипјани на возраст од 20 до 60 години поради високите температури денеска доживеале топлотни удари, информираат од Итната медицинска помош.

Според лекарот Дејан Рунтев овие три случаи се регистрирани до 12 часот.

– Два топлотни удари беа на отворено, а еден беше во затворена просторија. Првите сипмотоми за топлотен удар се главоболка, исцрпеност, препотување и колапс – вели Рунтев.

Лекарите апелираат во текот на сахарскиот бран да се внимава на исхраната, бидејќи со зголемувањето на температурите регистрирани се пет случаи на труење со храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top