
Шеесет и двегодишниот таксист С.А. од Скопје вчера околу 23.45 часот бил нападнат и ограбен од две непознати лица на улицата „Козара“ во населбата Капиштец.
Според информациите од полицијата, додека таксистот возел, патот му го попречил мотоцикл со кој управувал непознато лице.
Разбојникот со нож во раката му се доближил на таксистот, а му се придружило уште едно непознато лице кое дошло пешки.
Заканувајќи му се на таксистот со ножот во раката, разбојникот му се обратил со зборовите „Дај пари или ќе те убијам“, по што го удрил по лицето, а од џебот од јакната му одзел 1.800 денари.
Двајцата разбојници веднаш потоа заминале во непознат правец.
Полицијата трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


