Германската канцеларка Ангела Меркел ќе предложи да ѝ биде отпишан дел од долгот на Грција, но ќе побара Атина да излезе од еврозоната, пишува тиражниот германски весник „Билд“.
Весникот наведува дека нема да има нов пакет финансиска помош за Грција, односно дека Германците не сакаат да учествуваат во каков и да е нов кредитен систем за Атина. Меркел, како што оценува весникот, е подготвена да понуди простување на дел од долгот и да ја повика Европската унија да им помогне на Грците преку хуманитарни донации, а во обновата на економијата Грција ќе ги има на располагање европските фондови.
Како што се шпекулира, Меркел смета дека грчкото враќање на драхмата долгорочно би било исплатливо, имајќи предвид дека слабата национална валута би значела полесен извоз на грчката стока и зголемен број туристи, што би овозможило отворање нови работни места.
Медиумите веќе објавија дека грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во вторник на состанокот на шефовите на еврозоната ќе го претстави новиот предлог за решавање на грчката криза, односно ќе побара на Грција да ѝ се отпише 30 отсто од долгот.
Меѓутоа, грчкиот дневен весник „Катимерини“ наведува дека од 18 премиери или шефови на држави од еврозоната дури 16 се против отпис на долгот. Тие сакаат Грција да биде исфрлена од монетарната унија.
Најблиски сојузници на Ципрас моментално се премиерите на Франција и на Италија, Мануел Валс и Матео Ренци, кои и натаму сакаат да се постигне договор, дури и тоа да значи отпис на грчките долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст