Руската воена индустрија разви супероружје – нов електронски систем способен едноставно да исклучи противничко наоружување и тоа од радиокомуникации и навигација до најпрецизни ракети со голем дострел.
Ова е голем чекор напред во технологијата на електронската војна, соопштија од компанијата Радиоелектронска технолошка група, а пренесуваат светските медиуми.
Ова супероружје дава голема предност во наоружувањето на Руската федерација и тоа токму во моментот кога односите на Кремљ со Запад, посебно со САД, се во состојба на студена војна.
Системот способен за онеспособување на сите непријателски авиони и бродови, електорнска радиоопрема и сателити може да се користи од земја, од море и од воздух, во зависност од тоа на што се монтира.
– Новото оружје нема да го поставиме на сателитите бидејќи е забрането со меѓународните правила, а ние ќе ги почитуваме тие правила. Новата технологија може да ги блокира сите комуникации и навигација. Едноставно, системот ќе може да ги исклучи скоро сите непријателски оружја – изјавија официјални лица за агенцијата ТАСС.
Според пишувањата, системот ќе излезе од фабриката до декември. Никој не сака да објасни како ќе функционира.
Русија веќе поседува модерен и силен микробранов топ кој има слично дејство. Тој е способен да ги онеспособи сите беспилотни летала и ракетни галви од растојанија од 9,6 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.