Германија е најдобар пример за држава која низ историјата никогаш не го исплатила надворешниот долг. Ни по Првата светка војна, а ниту по Втората. Меѓутоа, многу често ги терала другите држави да плаќаат
Французинот Тома Пикети, автор на книгата „Капиталот во 21 век“, вели дека Европа би требало што поскоро да организира голема конференција на која би се разговарало за должењето и на која би се завртела нова страница. Во моментов „најголемата ѕвезда“ меѓу економистите е германскиот „Цајт“ вели дека конзервативните мерки и политичарите ќе ја уништат Европа.
Во многу острото интервју, објавено во оригинал пред десетина дена, а кој денеска го пренесуваат светските медиуми, на прашањето на новинарот на „Цајт“ дали Германците би требало да бидат среќни што дури и француските власти ја прифаќаат германската догма на штедење, Пикети вели „апсолутно не“.
„Нема причина Франција, ниту Германија, а секако не Европа, да бидат среќни поради тоа. Повеќе се плашам дека конзервативците, особено во Германија, ќе ја уништат Европа и европската идеја, а сѐ поради шокантното непознавање на историјата“, вели Пикети.
Пикети вели дека Германците можеби се помириле со дел од својата историја, но не и со долговите кои требало да ги платат.
„ Германското минато, во таа смисла, би требало да им биде од голема важност и на денешните Германци. Погледнете го историјатот на националните долгови. Велика Британија, Германија и Франција некогаш биле во позицијата во која е денеска Грција, дури и позадолжени. Првата лекција која можеме да ја научиме од историјата на јавниот долг е дека тоа не е нов проблем. Постојат многу начини долгот да се исплати, не само еден, како што сакаат Берлин и Париз да ѝ наметнат на Атина“, вели Пикети.
Како што вели економистот, додека го пишувал „Капиталот“, се изненадил дека Германија, во суштина, е најдобар пример за држава која низ историјата никогаш не го исплатила својот надворешен долг.
„Ниту по Првата светска војна ниту по Втората. Меѓутоа, многу често ги терала другите држави да плаќаат.“
Пикети вели дека го смета за смешно тоа што Германците „цврсто веруваат дека долговите мора да се платат“.
„Точно е дека Германија е таа држава која никогаш не ги исплатила своите долгови. Германија нема позиција од која би можела да им држи лекции на другите нации“, дециден е Пикети и додава дека постојат два начина на враќање на долговите, од кој побавниот ѝ го препорачуваат на Грција.
„По скапите војни со Наполеон Британците ги вратија долговите благодарение на строгата буџетска дисциплина. Успеаја, но тоа траеше. Вториот начин е побрз и тоа го покажа Германија во 20 век, а се состои од три компоненти: инфлација, посебен данок на приватно богатство и делумен отпис на долгови“, објаснува Пикети.
На прашањето дали „германското економско чудо“ во втората половина на 20 век е базирано на истиот долг каков што ги мачи Грците денеска, Пикети одговара „токму така“.
„Кога заврши војната во 1945 година германскиот долг беше на 20 отсто од БДП. Десет години подоцна јавниот долг беше под 20 отсто. Истовремено, Французите си обезбедија сличен пресврт. Никогаш не би можеле да постигнеме таква редукција на долгот, преку фискална дисциплина, која денеска ѝ се препорачува на Грција. Наместо тоа, свете држави примениле инаков метод со три компоненти (инфлација, посебен данок на лично богатство и отпис на долговите). Сетете се на договорот од Лондон од 1953 г. кога се поништени 60 отсто од германскиот долг, а внатрешните долгови беа реструктуирани“, вели Пикети.
Тој ја отфрли констатацијата на новинарите дека народите на Европа „сфатиле дека репарациите што ги барале по Првата светска војна биле причина за Втората сверска војна и дека овој пат сакале да ги простат“.
„Тоа се глупости. Тоа немало врска со какви и да било морални начела, тоа било рационална политичка и економска одлука. Препознале дека големите кризи произведуваат натрупивање на долговите, а понекогаш луѓето треба да погледнат во иднината. Не можеме да бараме новите генерации со децении да ги плаќаат грешките на своите родители. Грците, без сомнение, правеле грешки. До 2009 година властите дури фалсификувале и книги. И покрај тоа, помладите генерации Грци денес не сносат ништо поголема одговорност отколку што сносела младата генерација Германци во педесеттите и шеесеттите години. Мораме да гледаме напред. Европа е воспоставена на отпис на долгови и инвестиција во иднината, а не на идејата на бескрајно страдање. Тоа секогаш треба да го имаме на ум“, рече Пикети.
Францускиот економист вели дека е погрешно да се отфрла паралелата на периодот по војната и економската криза.
„Кризата од 2008 г. не е која било криза, туку најголемата финансиска криза во светот од 1929 година. Споредбата е и тоа како валидна“, вели Пикети.
На коментарот на новинарот на „Цајт“ дека Германците веруваат дека Грците „сѐ уште не ги препознале своите грешки и дека ќе продолжат со трошење“, Пикети одговара:
„Да ви речевме вам во педесеттите дека не сте ги препознале своите грешки, вие денеска ќе ги плаќавте своите долгови. За среќа, бевме попаметни“.
Пикети оценува дека исфрлањето земји од евро-зоната отвора долг период на агонија, а не „единство“ како што тврдат германските министри. Исто така, нагласува дека се бесмислени тврдењата дека Германија е „великодушна“.
„За што зборувате? Великодушна? Германија во моментов профитира на Грција, затоа што ги продолжува заемите и применува високи камати“, наведува Пикети.
На прашањето какаво решение предлага, Пикети вели дека ни е потребна голема конференција за европските долгови, како по Втората светска војна.
„Реструктуирањето на сите долгови, не само на грчките, туку и на другите европски земји е неминовно. Сега изгубивме шест месеци на нетранспарентни преговори со Атина. Сѐ уште е на маса приказната на Еврогрупата дека Грците ќе имаат буџетски суфицит од 4 отсто БДП и дека за 30-40 години ќе ги отплатат долговите. Наводно во 2015 веќе ќе имаат суфицит од еден отсто, два во 2016 година, а три и пол во 2017. Тоа се глупости. Тоа никогаш нема да се случи. Сепак, ние секогаш ги одложуваме неопходните разговори“, брутален е Пикети.
Како што прецизира, нова институција би била неопходна да го контролира и да одреди максимален буџетски дефицит за да се спречи натрупување на нови долгови.
„Би можело тоа да биде комитет во Европскиот парламент, кој би го сочинувале пратеници од националните парламенти. Буџетските одлуки не би требало да бидат одделени од законодавните тела. Да се подрива европската демократија, како што впрочем прави Германија со инсистирањето државите да останат сиромашни под механизмите што ги наметнува Берлин, е страшна грешка“.
Пикети, исто така, вели дека и во однесувањето на Германија препознава „национален егоизам“ и тоа како последица на неразбирањето што сѐ се променило од почетокот на финансиската криза. Таков егоизам гледа и во Германија, но вели дека е неопходно Германците „повторно да размислат за некои работи“.
„Оние кои ќе ја истераат Грција од евро-зоната денеска, утре ќе завршат на ѓубриштето на историјата“. Ако канцеларката сака место во историските читанки, како што направи Хелмут Кол во текот на обединувањето на Германиите, мора да создаде решение за грчкото прашање, вклучувајќи и конференција за долговите, на којашто ќе можеме да завртиме нова страница и да појдеме одново. Но, со обновена, поцврста фискална дисциплина“, заклучува францускиот економист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст