Иран и меѓународната „шесторка“ очекуваат да постигнат договор за иранската нуклеарна програма најдоцна до вечер или до утре претпладне, јави ТАСС, повикувајќи се на извор во иранската делегација што учествува на преговорите во Виена.
– Очекуваме до вечер да биде постигант договор. Можно е тоа да се случи и во утрнските часови на 8 јули, но не подоцна од тоа – изјави истиот извор.
Тој нагласи дека преговорите се водат во „доста сериозна и тешка атосфера“.
– Атмосферата се вжештува, бидејќи се појавуваат многу шпекулации. Ни останаа уште некои нерешени прашања, но уверени сме дека тие можат да бидат решени – дополни изворот на ТАСС.
Крајниот рок за договор за иранската нуклеарна програма истекува денеска.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини вчера истакна дека Иран и шестте светски сили веќе нема да го поместуваат рокот за завршување на преговорите за нуклеарните прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент