На фотографиите се бегалци од Сирија и од Ирак сместени во прифатниот центар за бегалци во градот Траискирхен во Австрија.
Откако австриската полиција и компанијата која е платена да ги згрижи мигрантите не сакале да ги примат новинарите и активистите во кампот, бегалците сами ги сликале сликите на кои се гледа како спијат на отворено.
Околу 700 луѓе спијат под ведро небо, немаат ниту кревети ниту душеци.
Некои од нив со месеци се заминати од дома и ја минале рутата која води од Блискиот Исток преку Турција, Грција, Македонија, Србија, Хрватска или Унгарија.
Според австриските активисти, бегалците се сместуваат под отворено небо веќе неколку месеци.
Некои од нив се болни, а речиси сите истоштени и на крајот на силите.
Засега имаат само по едно ќебе за да ги минат летните ноќи , но никој не знае што ќе биде кога ќе дојде зимата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.