Две жени, едната од Битола, а другата од Теарце, вчеравечер се пријавени во полиција како исчезнати.
МВР соопшти дека синоќа во 21:00 часот, во СВР-Битола, С.Р. (64) пријавил дека од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.Р.(33).
Во полициската станица во Теарце, пак, синоќа во 22:15 часот, 41-годишниот Р.Ш. од тетовското село Слатино, пријавил дека на 3 јули околу 11 часот од дома заминала и не се вратила неговата 27-годишна невенчана сопруга.
МВР презема мерки за пронаоѓање на двете исчезнати жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.