| четврток, 6 декември 2018 |

Од газирани сокови годишно умираат 180.000 луѓе

Студија спроведена од истражувачите од Универзитетот Тафтс покажува дека еден од сто смртни случаи кај лицата со прекумерна тежина е резултат на конзумација на газирани сокови.

gazirana-pica

Студијата е нарачана од Меѓународната фондација за инфомирање за храната за да се покаже како газираните пијалоци делуваат на човечкиот организам.

Резултатите покажуваат дека прекумерната конзумација на газирани пијалоци е одговорна за смрт на дури 180.000 луѓе секоја година.

Според студијата, шеќерите во пијалоците се одговорни за смрт на 133.000 заболени од дијабетес, 45.000 заболени од кардиоваскуларни болести и 6.500 заболени од рак, што според лекарите е многу загрижувачко.
Професорот Дариуш Мозафаријан, декан на Фридмановата школа за прехрамбени науки,  и еден од авторите на оваа студија вели дека она што загрижува е порастот на конзумирање на газирани пијалоци кај младата популација како и порастот на смртноста поврзани со болести како дебелина и дијабетес кои настануваат при нивно конзумирање.
Најголем број смртни случаи поврзани со шеќерите во соковите, односно со газираните пијалоци, се во земјите во развој, особено во Јужна Америка, а на врвот на скалата е Мексико.
Додека научниците предупредуваат за штетноста на газираните пијалоци и шеќерите во нив, американското здружение на производители на пијалоци тврди дека резултатите од истражувањето не може да бидат релевантни, дека не покажуваат директна повраност со појавата на хронични болести кај луѓе кои конзумираат пијалоци богати со шеќери.
Според резултатите од студијата, конзумацијата на слатки напитоци поврзана е со развој на болести како дијабетес, гихт, односно воспаление на зглобовите кај дебели луѓе, потоа зголемен крвен притисок,  болести на срцето, мозочен удар и на крај гојазноста, која пак сама по себе е причина за низа други заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top