| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобро освежување за жешките летни денови

Кафето, за многумина е омилен пијалак, но во лето, според докторите, треба да се избегнува. Ако не можете без кофеин, може да приготвите студено, вкусно освежувачко кафе.

94089_profimedia0164589899-kafa_630x0

Студеното кафе може да го приготвите сами, и тоа на неколку начини. Освен коцки мраз и кафе, слободно може да додадете зачини, како ѓумбир на пример, потоа сладолед или овошје.

За освежувачко кафе ви е потребно шолја и пол студена вода, две лажички кафе, по желба шеќер, шлаг, овошје…

Кафето ставете го бокал. Прелијте со студена вода и оставете го така да стои барем 12 часа. Потоа со цедилка процедете го кафето, за да ги отстраните ситните зрнца кафе. Во висока стаклена чаша сипете една третина од студеното кафе, две третини вода или млеко и по желба додајте шеќер или други додатоци со кои може да го засладите кафето. Промешајте добро и додајте неколку коцки мраз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top