| четврток, 6 декември 2018 |

Управата на Јувентус го награди Алегри со нов двегодишен договор

alegri

Како што се очекуваше, по фантастичната сезона на Јувентус, раководството на „старата дама“ го одржува ветувањето и му понуди нов двегодишен договор на тренерот Масимилијано Алегри.
Иако по неговото доаѓање во Торино навивачите на најтрофејниот клуб во Италија не беа задоволни од изборот и замената на Конте, Алегри возврати со одбрана на титулата во Серија А, освојување на Купот, а играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Алегри го прифатил договорот со зголемување на платата за еден милион евра и сега треба да заработува 3,5 милиони по сезона.
И покрај големите успеси со „црно-белите“, Алегри не е најплатен тренер во Италија. Имено, на врвот на оваа ранг-листа во новата сезона ќе биде Роберто Манчини, кој од раководството на „нероаѕурите“ ќе инкасира четири милиони евра нето-плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top