| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Куклиш го бараат ветеното од Заев

kuklis-2-500
Граѓаните на Струмица продолжуваат со барањето до градоначалникот Зоран Заев за понесување на одговорност и повлекување од градоначалничката фунјција. Незадоволни од неостварените ветувања на Заев дадено во кампањата од локалните избори, тие бараат да се распишат нови избори на есен.

Жителите на Куклиш денеска побараа одговори од Заев за тоа каде се прокетите кои тој ги ветил за време на изборите. Во изјава за медиуми пред некогашниот Дом на културата кој во 2013 година беше опожарен, за што како што самите велат градоначалникот Заев ветил да се направи нов и модерен културен дом во Куклиш, сепак и по две години, ништо од неговите ветувања. Тие додават дека Заев ниту ги реализирал ветувањата, ниту пак дава отчет зошто тоа не го сторил.

-Поминаа повеќе од две години, но од ветеното-ништо. Градоначалникот Заев е политичар кој не се придржува на дадениот збор и на кој не може да му се верува. Со години ги лаже граѓаните на Струмица ветувајќи многу проекти кои не ги реализирал ниту пак дава отчет зошто не ги реализирал и каде се трошат парите наменети за нивна реализација, а општинскиот Буџет го третира како негова своина. Денес ние жителите од Куклиш сакаме да го прашаме градоначалникот во Заминување, Зоран Заев, каде се проектите кои ни ги вети? Изградба на нов Дом на културата, изградба на детска градинка, реконструкција на улицата од школото до споменикот и улицата од „Вена Мечева“ до „Пилов Ристо“, предложени од претходниот совет а до ден денес не се реализирани, велат жителите на Куклиш.

Тие нагласуваат дека овие проекти се од големо значење за Куклиш, реализација на овие проекти ќе овозможи поквалитетни услови за живеење на граѓаните од ова нaселено место.

– Но, очигледно на Заев не го засегаат нашите проблеми. Го повикуваме Заев да ни одговори зошто не се реализирани проектите кои ни ги ветивте, каде отидоа парите за нивна реализација? Господнине Заев, очигледно вие не сте способен да ги решавате нашите комунални проблеми и да ги реализирате ветените проекти, велат незадоволните струмичани.

Токму поради ова, тие го повикуваат Заев да си поднесе неотповиклива оставка и да распише предвремени градоначалнички избори за на есен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top