| четврток, 6 декември 2018 |

Фидел Кастро му ја честиташе „брилијантната политичка победа“ на Ципрас

fidel-kastro
Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро вчера му честиташе на грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата „брилијантна политичка победа“ на референдумот што беше одржан во неделата, а на кој грчките гласачи решително ги одбија барањата на меѓународните кредитори.
Кастро, преку венецуелската ТВ станица „Теле Сур“, на Ципрас му порача дека „внимателно ја следел неговата победа“, се наведува во соопштението од кабинетот на Ципрас, што го пренесуваат француските медиуми.

Во писмото упатено до грчкиот премиер, 88-годишниот поранешен кубански лидер Грција ја опишува како добро позната земја за Кубанците по нејзината историја и познатиот придонес за „најкомплексните од сите човекови активности, уметноста и политичката наука“.

Кастро истакна дека на Грција „ѝ се воодушевуваат народите од Латинска Америка и Карибите“ заради начинот на кој „го брани својот идентитет и својата култура од надворешна агресија“ и на крајот од писмото на својот „ценет колега“ му посака „најголеми успеси“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top