Kинезите јадат повеќе, растат помалку, и се дебелеат. Тоа е заклучокот од 10-годишното истражување кое предупредува на алармантаната прогресија на дебелеењето меѓу населението.
Од 2002 до 2012 година, просечната висина на Kинезите е зголемена за еден сантиметар и достигнала 1,67 метра, се наведува во студијата нa Националната комисија за здравје и семејно планирање.
Просечната височина на жените сега изнесува 1,55 метар, што исто така е еден сантиметар повеќе од пред 10 години. Kинезите се нешто пониски од Јапонците и Јужнокорејците.
Највисоки во светот се Холанѓаните – мажите во просек имаат 1,84 метри, а жените 1,71 метар. Kинезите, пак, за последните 10 години станале потешки за два, а Kинеските за три килограми. Просечната тежина на мажите изнесува 66,2 килограми, а на жените 57,3 килограми. Главниот виновник за тоа е месото,кое ги заменува традиционалните јадења на кинеската трпеза, која главно се состои од зеленчук и основни продукти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо