Триесетгодишната Џенифер Фичер, некогашна професорка по англиски јазик на академијата во Лејкленд е осудена на затворска казна од 22 години затоа што од септември 2011. година до јануари 2014., сексуално ги искористувала своите ученици.
Тројца од нив потврдиле дека со нив имала сексуални односи, кои тогаш биле малолетници, а со еден од нив останала и бремена.
На крајот, не го донела бебето на свет затоа што абортирала, а на судењето можело да се слушне и тоа дека ги терала момчињата да ги лажат родителите за нивниот однос, како и дека еден од нив го наговорила да имаат секс на кровот од училиштето.
Фичер за време на изрекувањето на казната, низ солзи им се извинила на семејствата на учениците и повторно истакнала дека со сите тие момчиња била и емотивно поврзана, но судијата останал рамнодушен и ја нарекол предатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.