| четврток, 6 декември 2018 |

Две тешки сообраќајки кај Штип, повредени момче и девојка

soobrakajka-4-640x424

Фото: илустрација

 

Во Штипско денеска се случија две сообраќајни несреќи. Повредени се две лица, кои се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Во несреќата на регионалниот пат Штип-Радовиш учествувале трактор и автомобил „фолксваген фенто“ со штипски регистарски таблички, додека во сообраќајката кај карбинското село Аргулица, учествувале возило „застава“ и моторциклист.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека се утврдуваат причините за сообраќајката на патот Штип-Радовиш, во која со повреди се здобила 28-годишна девојка која е хоспитализирана на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Штип.

Во сообраќајната несреќа кај карбинското село Аргулица, моторциклистот се здобил со скршеници на нозете и е хоспитализиран на Одделението за ортопедија.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска, информира дека е стабилна состојбата на повредените лица во двете сообраќајни несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top