Денес е светски ден на бакнежот и се прославува од 1988 година.
некои велат дека бакнежот го измислиле средновековните витези, кои така ги проверувале своите сопруги дали пиеле вино. Други пак велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните.
Бакнеж е допирање на одредена личност со усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати. Бакнежот обично се смета основен сексуален акт, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.