| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена златарница во Кичево

Четири непознати лица вчера извршиле разбојништво во кичевска златарница.
Zlatara
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, вчера, кратко пред 19 часот, четири маскирани и вооружени лица влегле во златарницата „Балкан голд“, лоцирана на улицата Маршал Тито во Кичево. Разбојниците му се заканиле на сопственикот, 47-годишниот М.Т. и од него одзеле разновиден златен накит.
Полицијата извршила увид, а вредноста на украдениот накит дополнително ќе се утврдува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top