| четврток, 6 декември 2018 |

Решенија за вработување за 23 волонтери во најголемата штипска градинка „Астибо“

Во штипската градинка „Астибо“ денеска им беа доделени решенијата за вработување на 23 волонтери, кои беа опфатени со Законот за трансформација на работниот однос.

Директорот на градинката Илија Митрев истакна дека ресорните министерства и Владата сериозно ги сфатија барањата на институциите за решавање на статусот на волонтерите.

– Им благодариме на волонтерите што толку време издржаа со ниски примања да ја работат оваа одговорна работа и еве кончено тоа се исплати. Денеска ги добија решенијата, а очекуваме во текот на наредниот период и вработените кои се на договори да ги трансформираме преку законот, со што градинката „Астибо“ ќе го реши статусот на вработените, изјави Митров.

Тој додаде дека до крајот на годината седум лица заминуваат во пензија поради што ќе достави барање до Министерството за добивање на согласност за нови вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top