| четврток, 6 декември 2018 |

Нива со марихуана пронајдена кај струшко Мислешево

Криминалистичката полиција од полициската станица во Струга деновиве пронајде насад со засадени седумнаесет садници марихуана. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска.

Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори.

За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Струга, презема дополнителни мерки за идентификација на можниот сторител на ова кривично дело, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторенo казнено дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top