Новиот калчолигаш Фросиноне посакува да го врати во своите редови македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Десниот страничен играч на Парма играше во Серија Б за Латина во вториот дел од изминатата сезона, а сега е на крстопат, бидејќи Парма е вратена во Серија Д по административен пат.
Тренерот на Фросиноне, Стелоне не крие дека му е потребен играч како Ристовски во деби сезоната на клубот во Серија А. Ристовски веќе беше член на овој клуб во 2012 година и остави одличен впечаток на „Матуса“.
Според одредени информации на италијанските медиуми и Горан Пандев притиска Ристовски да потпише за Џенова, клуб во кој Пандев ќе ја продолжи кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.