Претседателот на Сенатот на Државната ревизија во Црна Гора, Мирослав Иванишевиќ, поднел оставка на функцијата поради објавените снимки со интимен однос со непозната девојка.
– Ја известувам црногорската јавност дека поднесувам неотповиклива оставка на функцијата ценејќи го своето однесување недостојно за државната функција. Се извинувам на своето семејство, граѓаните на Црна Гора и државните институции, сметајќи дека во овој момент не сакам со извршувањето државна функција да претставувам оптоварување на кои било структури и процеси во Црна Гора – се наведува во оставката.
Пред неколку дена беа објавени две видеоснимки со интимни односи на Иванишевиќ со непозната жена во неговиот кабинет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


