| четврток, 6 декември 2018 |

За нив зборува цела Србија: Се обиделе девојката да ја пикнат в кола, момчето крварело, а минувачите не мрднале со прст

На станицата „Шест каплари“ каде застанува автобусот со број 75, околу 25 минути по полноќ меѓу петок и сабота, девојката М.К. чекала ноќен автобус, кога застанал автомобил во кој биле две момчиња.

-Додека го чекав ноќниот автобус кај Ушќе во 00:25 двајца мажи во автомобил стоеја на станицата и почнаа да инсистираат да влезам во автомобилот и да ме однесат дома. Откако неколку пати ги одбив, возчот излезе од автомобилот и почна да ме влече за рака кон вратата од задното седиште која веќе беше отворена. Се ослободив и откако почнав да за врачам наназад за да се сокријам, возчот ме грабна, мекрена и насилно сакаше да ме пикне в кола.

Успеала некако да се ослободи и да се оддалечи од автомобилот и како што наведува имало и други луѓе на станицата кои воопшто не реагирале.

-Тоа чувство на беспомошност и фактот, дека некој туку така, одеднаш може да ми ги одземе најосновните човечко права, а можеби и многу повеќе е страшно. Затоа, пријатели, испратете ги своите девојки, пријателки, лицата од женски пол на станица и почекајте автобус со нив. Ова не се случи во некое претерано касно време од ноќта, ниту бев во некои афрлени мрачни улици. Се случи на добро осветлено место пред луѓе и покрај многу возила кои поминуваат оттука. Ноќниот автобус никогаш не изгледал побезбедно по овој инцидент. П.С. Голем поздрав на петте момчиња кои седеа на клупата зад мене и НЕ ПРЕЗЕДОА НИШТО, наведе на својот „Фејсбук“ профил М.К.

status-maria-napad-autobus-beograd-foto-printskrin-fb-1436101448-694631

Белграѓанецот Никола Ристиќ во петокот навечер шетал со друштво кога на автобуската станица кај Економскиот факултет здогледал момче без свест. Не се двоумел дали да му помогне, но останал во шок поради тоа што сите другари кои биле на станицата не сакале да направат ништо.

-Околу 1.30 поминував со друштвото покрај автобуската станица. На стојалиштето видовме еден млад лик како спие на клупата во седечка положба. помисливме дека е пијан или дрогиран. Но, другарката забележа дека левото рамо му е сосема крваво. Му пријдовме за да го разбудиме, но не успеавме. Потоа одлучивме да повикаме Брза помош, вели Никола.

Брзата помош констатираше дека момчето е прободено со нож.

-Цело време додека ја чекавме Брзата помош, односно некои 15 минути никој не сакаше да пријде, да погледне што се случува со него, иако видоа за што се работи. Дури и оние кои стоеја покрај него и видоа дека крвари, само се завртија и си заминаа, вели Никола.

status-nikola-napad-beograd-autobus-foto-printskrin-fb-1436101448-694633

-Незамисливо е луѓето да се толку нехумани и ништо да не ги интересира. Верувам дека постојат две причини за тоа: или се плашат дека е агресивен и дека би можел да ги нападне, или се работи за тоа што секогаш се надеваме дека некој друг ќе помогне. Секогаш имаме ист став:Не јас, некој друг ќе помогне секако. Потребни се само 10 минути да му се помогне некому Нам тоа не ни значи ништо, анекому може да му го промени животот или да му го спаси, вели Никола.

Никола за овој инцидент напиша на „Фејсбук“. не можеше да верува кога виде дека многу коментари беа во насока дека тоа го направил за да се пофали. Ова момче целата ситуација ја коментира вака:

-Драги белграѓани, вие кои така се чувствувате и вие кои студирате/работите во Белград навистина не е тешко да им се помогне на луѓето на кои им е потребна помош. не бидете безобзирни. Тоа што Белград има 2 милиони жители не значи дека ќе наиде некој друг да му помогне на човекот. Ако се најдеш во ситуација кога можеш да помогнеш на каков било начин-помогни. не биди гад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top